Search
понеделник 17 декември 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

ЗОШТО ЈОХАНЕС ХАН ГО ПОДДРЖУВА ЗАЕВ: Има ли Хан интерес во монополска позиција со казината „Новоматик“?

loading...

Со новиот нацрт закон за игри на среќа Министерството за финансии предвидува воведување на нов вид лиценци за увоз и дистрибуција на апарати, односно автомати за казината – пишува порталот А1он

Според овој нацрт закон, само фирми со 2,5 милиони евра капитал ќе можат да увезуваат и дистрибуираат автомати и рулети во Македонија, но покрај тоа, овие фирми ќе треба да задоволуваат и неколку други специфични услови и тоа:

– изјава дека не приредува игри на среќа или забавни игри
– оригинално овластување за дистрибуција на автомати, електронски рулети и останата опрема за посебни игри на среќа на дистрибутерот од страна на производителот на истите и
– посебни сертификати за земјата на потекло и производство на автоматите, електронските рулети и останата опрема за игри на среќа, како и технички карактеристики и услови за истите.

Од друга страна пак, се наведува дека техничките карактеристики и условите за автоматите, рулетите и другата опрема поблиску ги пропишува министерот за финансии.

Министерството својот нацрт закон го оправдува со тоа дека во Македонија играчите играле на стари и дотраени автомати, а требало да играат на нови технички исправни автомати, што нема никаква логика тоа да биде вистинската причина за донесување на едно вакво законско решение со кое пред се загрозува темелната вредност на уставниот поредок, а тоа е слободата на пазарот и претприемништвото.

За да се стигне до вистинските причини за промена на законот треба да се анализира еден од случаите на „големите“ европски компании за производство на апарати за коцкање која секако има големо учество и на македонскиот пазар.
Своевремено, од истражувачите на СКУП произлезе текст за „Скандалите на Новоматик“, според кои оваа австриска компанија е најголемата светска компанија за игри на среќа.

Нејзиното работење во светски рамки е проследено со низа афери, меѓу кои особено според пишувањата на Блумберг, казината во Парагвај, Перу и Јужна Америка, каде Новоматик делува, од страна на САД биле обележани како „цевки за перење на пари од страна на криминалните шефови и бароните на дрогата“.

Во контекст на Новоматик и неговите силни конекции се спомнуваат и поранешните луѓе кои се на чело на оваа компанија, меѓу кои и Јоханес Хан, актуелен еврокомесар, за кого од страна на Питер Пилц (пратеник во австрискиот парламент) беше напишано дека како извршен директор на Новоматик договорал и купил објект на фирмата Новоматик во кеш, што според Пилц е кривично дело перење пари и затајување на данок, заради што австриските медиуми пишуваа во периодот од 2009 до 2014 година.

Претходниот работодавач на Јоханес Хан, односно компанијата Новоматик во 2013 година го купува казиното Фламинго во Гевгелија.

Инаку, Новоматик не е само сопственик на Казиното Фламинго во Гевгелија, кое поседува основна главнина од преку 35 милиони евра, туку и на неколку други компании кои се директно инволвирани во игрите на среќа.

Така, Новоматик е 100% сопственик на ХТЛ, компанија со основна главнина од 6,5 милиони евра, која ги увезува и дистрибуира апаратите на Новоматик во Македонија. ХТЛ од своја страна ги поседува фирмите Мастербет (електронските казина Астра) и МА Гаминг (електронските казина Адмирал) кои се приредувачи на игри на среќа во Македонија.

Ако се анализира според обемот, Казиното Фламинго е најголемото во Македонија, а пак според бројот на автомат клубовите, Новоматик индиректно има околу 30% од сите автомат клубови во Македонија.

Од друга страна, доколку пак се анализира според видот на апаратите кои се поставени во сите казина и автомат клубови, Новоматик доминира со над 50% учество во овој пазар, Апекс со 10% и Аматик со 30 % .

Врз основа на сето ова, логично се наметнува прашањето чии интереси се заштитуваат со лиценцирање на увозот на автоматите, дали се тоа интересите на играчите во казината, како што тврди Министерството за финансии? Ако со закон е наметната обврска апаратите да не бидат постари од 1 година, при тоа ако лиценца за увоз, продажба и изнајмување на нови апарати му се даде само на некој кој има „оригинален сертификат од производителот“, а при застапеност на апаратите со над 90% од македонскиот пазар од само три австриски бренда производители, прашањето е кој интерес се штити, државниот за слободно тргување и производство од домашни трговци и производители, или приватниот на само два- три странски бренда за зацврснување на и така веќе воспоствената монополска положба, вертикално повразни исо дејноста приредување игри на среќа во сопствени автомат клубови.

loading...