Search
вторник 18 декември 2018
  • :
  • :

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја зави државата во црнила

loading...

Скопје, Битола и Тетово се помеѓу десетте најзагадени градови во светот, СДСМ ја зави државата во црнила, вели опозициската ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

„Република Македонија под власт на СДСМ е покриена со голема црнина. Според Светската здравствена организација помеѓу десетте најзагадени градови во светот дури три се од нашата држава. Скопје, Битола и Тетово се на врвот на светската листа на загаденост, а Зоран Заев, Јани Макрадули, Наташа Петровска и Теута Арифи не преземаат ништо. Две години откако со државата владее црната СДСМ, нема ниту една мерка за подобрување на квалитетот на воздухот“, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата додава дека десетици граѓани секој ден ги полнат болниците како последица на срцеви и белодробни проблеми од загадениот воздух. Најпогодени се малите деца, старите луѓе над 65 години и хронично болните.

„СДСМ наместо да преземе мерки за справување загадувањето, министерот за животна средина вели дека не се занимава со граѓаните, заменикот негов Макрадули спие на седници во собранието на кои се зборува за мерки против загадувањето. Тоа е односот на СДСМ кон животната средина – никаков. СДСМ не е заинтересирана за подобрување на квалитетот на воздухот“, наведува опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ додава дека СДСМ не се грижи за граѓаните, туку само за сопствените теснопартиски интереси.

loading...