Search
понеделник 17 декември 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

(Видео)Мијалков на распит за случајот „Империја“?

loading...

игор

ТВ ексклузивно дознава дека во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да биде спроведен од затвор поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кој треба да биде изведен на распит за случајот „Империја“. Според нашите сознанија судот денеска ќе му одреди нова мерка притвор за овој случај.

Мијалков е еден од тринаесетмината обвинети во овој случај, а на пет мина од нив веќе им е определена мерка притвор, на бизнисменот Јордан Камчев, неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, директорот на „Пелагонија“ Цветан Панделески, како и директорот на фирмата „Ексико“ Тодор Мирчевски…. Сите се сомничат за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело во периодот од 2002 година до 2013 година.

loading...