Search
среда 21 ноември 2018
  • :
  • :

(Видео) Масовнo пукање во ноќен клуб во Калифорнија

loading...

Неколкумина се повредени во пукотници во ноќен клуб во Калифорнија, кога вооружен напаѓач отворил оган од засега непознати причини, пренесуваат американските медиуми. Не е потврдено дали има и загинати. Напаѓачот најпрво го застрелал членот од обезбедувањето на влезот на клубот, а потоа фрлил димни бомби внатре и продолжил да пука, рекле очевидци.

Според непотврдени информации, напаѓачот сè уште е на слобода, а огромно полициско присуство е на терен во обид да го обезбеди теренот околу клубот.

Околу 30 истрели биле испукани за време на инцидентот, а исто така има и засега непознат број повредени, изјавил претставник на полицијата. Според наводите, напаѓачот бил од Блискиот Исток, на возраст од 20-тина години, со брада и облечен во црна облека.

Според досегашните неофицијални информации, полициски офицер го запрел напаѓачот за да го идентификува, при што тој отворил оган и го застрелал со три куршуми. Но не е јасно дали во престрелката е повреден или загинат и напаѓачот.

loading...