Search
вторник 18 декември 2018
  • :
  • :

Вера Мештеровиќ сеуште се слика гола

loading...

Некогашната мисица, манекенка и модел, чија прва љубов сепак беа балетот и фолклорот кој и е во срцето и до ден денес, повторно и се враќа на модата и убавината, на фотомоделството и позирањето пред фотообјективот и камерата.

Дали стегите на неуспешниот брак со некогашниот фудбалер Игор Кралевски беа причина за апстиненцијата во светот на модата и фотомоделството или нешто сосема друго беше во прашање, сега е сеедно, зашто по разводот Вера Мештеровиќ се врати во јавноста. Поубава и позгодна од било кога, еднакво атрактивна и сексапилна како и на почетокот на кариерата.

Очигледно годините за неа се само бројка  на километражата на животот, кој иако минува со филмска брзина, нејзината убавина останува да стои во лер. вера како да е замрзната во времето, истото оноа време кога како тинејџерка се појави на модните писти освојувајќи ги изборите на убавина.

Нејзиното враќање во јавната професија каква што е убавината и модата ги најави како ексклузивен промотор и манаџер на козметиката на еден светски познат бренд, кој окрај брендираните, високо квалитетни козметички производи, во својата програма ја вклучува и академијата и тренинг центарот за професионално изучување на сите тајни на маникирот и целата процедура на нега и убавина на нокти.

Враќањето во фотомоделството и позирањето на фотографии или во видео беше следната станица на расната убавица, па нејзиниот лик беше главен во последното музичко видео за темата  „Нешто ме гони“ на култната екс ЈУ група „Галија“ каде ја гледавме во нејзиниот препознатлив изглед и имиџ.

Малку потоа, нова трансформација на убавицата. Вера од црнка во русокоса, од тинајџерка во вистинска дама, отмена госпоѓа… во „Жена за милион години“на истоимената тема и видеото за неа препеано на хрватски, со која нашиот Дарио Панковски тргна во музички поход на регионот.

Последното видео кое осамна на социјалните мрежи сепак се чини  вистински го претстави сиот свој раскош… И телесен и оној со кој зрачи сексапил, убавина, привлечност, пожелност…

Вера Мештеровиќ  разголена во уметнички или рекламен видеоклип, во кој  убавицата распослана на бела постела…

…Или легната во запенетата када со вода, подеднакво ги буди најдлабоките еротски страсти, ја поттикнува волшебната игра на сетилата, која додека ја гледате ќе ве држи со очи ширум отворени.

А потоа…? Слободно можете да ги затворите и да мечтаете… Или одново да го вратите видеото на „рипит“!

loading...