Search
среда 17 октомври 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

ВАРОШЛИЈА СИ ГО ВИКНА ХЕЈТЕРОТ ВО ЕМИСИЈА

Сергеј Варошлија му даде пет минути слава на скопјанецот Стефан Лазаров (ВИДЕО)

Во последното издание на емисијата „Мода“, модниот критичар имаше навистина интересна содржина за обработка.

Имено, на социјалните мрежи кружеше видео кое набрзо стана вирално меѓу младите, патем истото стигна и до рацетете на модниот критичар, кој истиот тој беше тема во видеото.

Момчето со име Стефан Лазаров се обиде да го имитира Варошлија во комплетен концепт како што тој го прави во својата емисија „Мода“, и меѓу другото, го коментираше стилот на модниот критичар кој во еден наврат се повика на жолтиот ранец, чија боја за Стефан како што самиот вели претставува симбол или отслика на една таргет група, со што директно упати зборови на говор на омраза за истата.

Сергеј Варошлија ова вирално видео го коментираше во својата емисија, со што се обрати до момчето со следниве зборови:

„Значи јас не сум така воспитан, а очигледно имаме малку недостаток на воспитување и немојте да алудирате и да ги етикетирате луѓето по боите што ги носат. Дали се тоа ранци или се кошули, или се чевли. Не постои боја која одредува нечија сексуална особина, освен ако тоа не е карактерна преференца како што самиот си ја давате. Живееме во 21 век, каде што буквално не смееме да си го дозволиме ова.“ – беше искрен Варошлија.

Имено, при одјава на емисијата „Мода“, Сергеј Варошлија го повика младото момче да собере храброст и да дојде во просториите на „1ТВ“, да гостува заедно со модниот критичар и да поразговараат јавно на истата тема.

Стефан Лазаров на социјалните мрежи го прифати предизвикот и го најави своето гостување во денешното издание на емисијата „Мода“.

Погледнете како изгледаше сето тоа:

loading...