Search
среда 26 септември 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Тројца сведоци за „Топлик“ ќе бидат приведени откако денеска не се појавија во суд

На денешното рочиште во Кривичниот суд за случајот „Топлик“, судијата Осман Шабани донесе наредба да бидат приведени и донесени во судот тројца сведоци, информира „Макфакс“.

Причината за тоа е што тие денеска не се појавија во судницата. Тие ќе бидат донесени да сведочат на следното судско рочиште кои е закажано за 21 септември.

На денешното рочиште ќе сведочат двајца сведоци на предлог на СЈО. Тие ќе одговарат на прашања на обвинителот Бурим Рустеми и адвокатите на обвинетите.

loading...