Search
среда 17 октомври 2018
  • :
  • :

Тие беа претходници на „Exclusive“ и „Backstage“: Се сеќавате ли на овие смотани фаци

Кусите телевизиски форми од забавен карактер кои траат 10-15 минути и ги третираат актуелните настани и збиднувања на естрадата во Македонија најчесто ТВ гледачите ги препознаваат по сега реоформените емисии „Ексклузив“ на 1ТВ и „Бекстејџ“ на Канал 5.

И не се далеку од вистината, зашто воие два проекта наменети особено за помладата популација недостасуваа во македонскиот ТВ етер.

Но дали се сеќавате која од емисиите од ваков тип им претходеше далеку пред овие два ТВ продукта да се појават? Оние малку повозрасните, а се уште млади, сигурно се сеќаваат на ТВ проектот „99 action“! Продуцирана од „Зум Видеолушн“, емисијата беше вистинско освежување во македонскиот ТВ етер кон крајот на минатиот и почетокот на овој милениум од која произлегоа дузина познати ликови.

Главниот двигател на проектот Мартин Трпчевски, на помлада популација познат по ангажманот во „Фчерашни вести“, своевремено собра талентирана екипа која тогаш ги правеше првите чекори, но подоцна станаа секој во својот еснав познат и признат професионалец.

Женската водителска двојка Миа Костова – Билјана Максимовска, од кои едната и денес го води обновениот „Бекстејџ“…

…а другата последен пат ја гледавме како првата водителка на „Брза кујна“.

Подоцна Миа ја замени Бојана Тевчева – Бони, доскорешната ТВ водителка на ТВ Алфа и ТВ Нова.

Првите чекори во својата работа ги правеа и денес признатиот камерман Драган Паковски, неговата сестра, денес познат стилист и ТВ водител Цаци Паковска, шпицата и џингловите беа производ на денес една од најпознатите македонски продуцентски куќи „3 Д студио“… Вистински македонски „Ол старс“!

И не само тие. Во емисиите кои ги подготвуваа и водеа се појавија грст имиња кои подоцна ќе имаат видна улога во македонската музика, водителство, спорт, култура, естрада…

Колку за потсетување, погледнете една епизода во која белким ќе ги препознаете: Каролина Гочева…

…Панчо (ДНК), Жикица Тасевски (познат македонски фудбалски тренер)…

Даниела Станоевска – Дени – познат радиоводител на Антена 5…

и останатите од тогашните нивни групи „3Д“ и „ОК бенд“.

loading...