Search
среда 17 октомври 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Страшна снимка: Се урна мост над главната железница во Русија (ВИДЕО)

Мостот над главната магистранла железница што ја поврзува Москва со Далечниот Исток, се урна во рускиот град Свободни во Амурската Област.

Според руските медиуми едно лице е повредено при уривањето на мостот.

Во моментот на уривање, преку мостот поминувал камион, а возачот се здобил со повеќе повреди, поради што е хоспитализиран.

Се претпоставува дека мостот паднал поради исклучително тешкиот товар што го превезувал камионот.

Локалните власти соопштија дека спасувачки екипи се на терен за да пружат неопходна помош, а во градот е воведена вонредна состојба.

loading...