Search
среда 17 октомври 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Се скарале ли Илче велешанче и Мицко лидерон, Мицко: Иле не ме мести ќе ти…се мушко

Доказм дознава дека после денешниот говор на Илија Димовски во комисијата за уставни измени Христијан Мицковски многу му се налутил и по телефон се испокарале наводно Мицко бил љут зошто Илија барал лидерите да се договорат,а не да горат пратениците дека се купи продај околу процесов. Кико се лутел зашто него го вмешувале он сакал пратениците на Грујо да горат он да е пострана да остане на тронот…

Димовски апелираше до Заев да разбере колку и да му била добра намерата, оди во мртва улица.

-Треба да најдете начин не сега постфестум треба да најдете начин за заедништво, единство и конзенсус врз база на веќе донесените документи од страна на Собранието на Република Македонија. Господине Заев, нас ни треба компромис со Република Грција, но прво ни треба компромис помеѓу нас. Ни треба разбирање помеѓу нас и ни треба и Вие и господин Мицкоски заедно да застанете зад едно единствено решение и една единствена позиција. Заради тоа што на оваа тема не треба да добиваме политички поени, оваа тема и Вас и нас како пратеници ќе ни виси до крајот на животот, ако постапиме добро или ако не постапиме добро. Секој со својот вредносен суд, посочи Димовски.

loading...