Search
среда 17 октомври 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

СДСМ бара од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат за референдумот,референдумот референдумотттттттт само тоа цела година

Фотографија на Зоран Христовски.

Цела деценија, вели Социјалдемократскиот сојуз, во секој јавен настап и во секоја своја програма ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека за решението на спорот со Грција граѓаните ќе го имаат последниот збор на референдум, а сега кога референдумот е извесен, кога е постигнат историски Договор кој носи членство во НАТО и ЕУ со зачуван идентитет, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став.

Од СДСМ однесувањето на опозицијата го оценуваат како неодговорно и велат дека е штетно за државата и за сите нејзини граѓани.

 

 

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да се изјаснат за референдумот и јасно да сопштат за што се. Дали се за светла иднина или за темно минато? Дали се членство во НАТО и ЕУ или амнестијата на криминалот им е поважна од се? Ако се за иднина, ако се членство на Македонија во ЕУ и НАТО ракводстворо на ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе и да ги повика своите членови да гласаат на референдумот“, се вели во соопштението на СДСМ.

Владејачката партија додава дека граѓаните нема да дозволат Македонија да биде втурната во нова изолација и изрази надеж дека граѓаните ќе гласаат „за“ на престојниот референдум.

loading...