Search
вторник 21 август 2018
  • :
  • :

Приведен Стевче Јакимовски

Приведен Стевче Јакимовски

Јакимовски лишен од слобода

Gepostet von infomax.mk am Dienstag, 7. August 2018

Поранешниот градоначалник на општина Карпош е приведен по неколкучасовен претрес во неговиот дом – дознава 1ТВ. Јакимовски во моментов се наоѓа на распит во кривичниот суд кај судија на претходна постапка, а според нашите извори, за него се бара притвор.

Финансиската полиција вршеше претрес во домот на Јакимовски во населбата Жданец, но и во домот на неговиот син. Истражните органи се уште не соопштуваат ништо, а Јакимовски синоќа даде изјава за медиумите. Како што претходно пренесовме, Јакимовски на медиумите им кажа дека не е виновен за ништо и дека не правел финансиски малверзации, а дека овој претрес е политичка одмазда. Поранешниот градоначалник на медиумите им објасни дека финансиската полиција бара докази за финансиски малверзации поврзани со три тендери, од кои два за општинската барака и една за плоштадот во Жданец. Како што рече Јакимовски, ангажираната фирма не ги исполнила одредбите од договорот и поради тоа морале да го раскинат истиот, но вработените во општината заборавиле да ја активираат банкарската гаранција. Според Јакимовски се рабооти за техничка грешка, а не и за криминал.

Кристина Атовска

loading...