Search
среда 17 октомври 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Опожарен мерцедесот на Штерјо Наков

Возилото на бизнисменот и сопственик на „Фершпед“, Штерјо Наков, било опожарено вчера во раните утрински часови. Возилото е марка „Мерцедес Ц 220“.

Настанот беше објавен и во дневниот билтен на МВР, каде стојат иницијалите на Наков.

„На 03.08.2018 година во 03,40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“ имало опожарено патничко моторно возило “Мерцедес Ц 220“ сопственост на Ш.Н.(70) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишуваше во билтенот.

На крајот на март, пак, беше опожарено возилото на неговиот син Сашо Наков. Кога избил пожарот возилото марка „БМВ“ било паркирано на улицата „Мирослав Крлежа“.

Штерјо Наков тогаш негираше дека пожарот бил подметнат.

– Не станува збор за запалено возило. Се случил дефект. Направен е и записник. Утврдено е дека се запалиле каблите – рече Наков.

loading...