Search
вторник 18 декември 2018
  • :
  • :

Опаа уапсен Владимир Атанасовски, поранешниот директор на УБК

loading...

1ТВ ексклузивно дознава дека е уапсен Владимир Атанасовски, поранешниот директор на УБК

1ТВ ексклузивно дознава дека е уапсен Владимир Атанасовски, поранешниот директор на УБК. Очекуваме директно вклучување од Кривичниот суд во Скопје.

Вчера тројца од притворените го посочија токму него за организацијата на нападот на Собранието на 27 април лани. Toj е ангажиран од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски како негов советник за безбедност.

Атанасовски бил на апанажа до 16 јуни 2018 година и оттогаш е во партискиот безбедносен совет. На функцијата директор на УБК дојде на први септември 2016 година, откако Сашо Мијалков си поднесе оставка поради судирот на полициските сили со вооружена група од Косово во кумановската „Диво насеље“, кога загинаа осуммина припадници на МВР.

На функцијата остана до 16 јуни 2017 година, додека сè уште не беше почната истрага за организирањето на настаните на 27 април и на сè што им претходело на тие настани.

loading...