Search
среда 17 октомври 2018
  • :
  • :

Омилениот мој политички лик – Грузискиот лисец

Омилениот мој политички лик – Грузискиот лисец

Некаде за околу месец дена навршуваат 15 години од “Револуцијата на Розите” кога од власта е симнат долгогодишниот лидер на Грузија – Едуард Шеварднадзе, а на негово место дојде Сакашвили лудиот.

Запишав втора година на Економскиот факултет во Прилеп таа 2003 година, и низ штури информации го пратев текот на настаните. Знаев дека во офанзивата за негово рушење се вклучени неговите поранешни сопартијци и помлади членови на неговата партија, кои тој на директен начин ги направи политичари.

Тешка е секоја домицилна политика да се разбере, особено доколку има странско мешање во неа од надвор.
Власта на Сакашвили во Грузија траеше малку подолго од таа на Шеварднадзе, но како и по обичај секоја револуција си ги јаде своите чеда. Па така први на отстрел беа Премиерот Зураб Жванија и Претседателката на Собранието Нина Бурџанадзе, кои се спротивставија на криминалната приватизација предводена од Сакашвили.

Наместо демократија, развој, подобар стандард и повисоки плати, протестите во Тбилиси донесоа разрушена држава, економија и институции, корупција и криминал кои се поголеми од било кога порано, девалвирана валута, огромна инфлација и животен стандард на нивото на Уганда и некои други Африкански држави.

Најголем дел од прелажаните Грузијци, а и голем дел од оние кои што учествуваа на протестите во Тбилиси во таа 2003 година, денес се на привремена работа во Москва каде што заработуваат и праќаат девизни дознаки за нивните семејствата во татковината.

Трагично е што по пребегот од Грузија, таквото искуство и знаење Сакашвили го примени и во Украина, поточно како Гувернер на областа Одеса (како американска инсталација).

Ова ќе биде тема за една моја посодржинска колумна за Шеварднадзе, но и за тешкиот политички пат по кој чекореше Грузија по распадот на СССР.

Фотографија на Gavrilo A. Miloshevski.
loading...