Search
среда 17 октомври 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Објавено видео од Бил Клинтон и Моника Левински во Овалната соба

Видео од 1997 година на кое е прикажана интеракција помеѓу поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон и Моника Левински, сега е објавено за првпат.

На видеото е прикажан Клинтон во Овалната соба по неговиот неделен радио извештај, по што тој се поздравува и се фотографира со Левински, тогашен стажант во Белата куќа, прегрнувајќи ја. Видеото е снимено на денот кој играл главна улога во скандалот со Левински.

Од Библиотеката на Клинтон одбиле да ја коментираат снимката, додека пак на Јутјуб е наведено дека видеото е објавено во согласност со Законот за слободата на информирање.

loading...