Search
вторник 18 декември 2018
  • :
  • :

Нинџа бил врбуван од Горан Грујевски во петтата управа на УБК кога Заев почна со објавување на „бомбите“

loading...

Обвинетиот за 27 април, Александар Василевски Нинџа, на сослушувањето на денешното рочиште призна дека бил ангажиран во УБК и дека дејствувал како да бил вработен таму, дека имал значка, службена легитимација, пиштол магнум 38 и радио станица со сите канали.

Како што рече Нинџа во својот исказ, во петтата управа на УБК бил ангажиран од поранешниот началник Горан Грујевски, кој му дал псевдоним Самурај.

-Дејствував во одделот за оперативна техника и прикриени операции попознат како петта управа, односно вршев задачи за петтата управа. Во текот на 2015 година кога политичката криза беше во екот, кога тогашниот опозициски лидер Зоран Заев почна да ги објавува т.н. „бомби“ на проектот „Вистина за Македонија“ – го опиша Нинџа периодот кога прв пат бил ангажиран од УБК.

Како што рече тој, од Грујевски бил ангажиран да собира информации од таргети кои тој му ги посочувал и да го известува лично него. Тие информации, рече, се однесувале на зачувување на уставниот поредок на земјата. Преку радио станицата која му била дадена можел да ја слуша комуникацијата на сите сектори за внатрешни работи при МВР, но и комуникацијата на тајната полиција.

-Во текот на 2016 година од Горан Грујевски бев ангажиран да бидам очи и уши на неговиот заменик Никола Бошковски, по тоа и постапив. Кога Грујевски беше сменет од некои причини и со управата почна да раководи Бошковски, јас ги наследив овластувањата, а Грујевски продолжи да дејствува како сенка и глава на управата – рече обвинетиот.

Тој додаде дека во овој период почнала интензивна комуникација меѓу Бошковски и поранешниот шеф на УБК Влатко Атанасовски, кој пред два дена беше уапсен и однесен во притвор. Сведочењето на Нинџа продолжи со парламентарните избори во тој период и протестите пред ДИК.

Како што рече, имало намери да се влезе во ДИК и да се спречи одлучувањето, но дека тоа не се случило

loading...