Search
среда 21 ноември 2018
  • :
  • :

Несреќа синоќа во зграда во изградба: Албанец паднал во отвор за лифт, итно пренесен во болница

loading...

Синоќа околу 22.30 часот во објект во изградба на ул. „Абаз Емин“ во Охрид, Џ.В. (48) од Република Албанија паднал во необезбеден отвор за лифт од висина од околу еден метар и 70 см.

Со возило на Итна медицинска помош, тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната помош бил задржан на лекување.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

loading...