Search
среда 21 ноември 2018
  • :
  • :

Нервоза на последната владина седница, на повидок реконструкција? Кои министри се таргет? Кочо ќе си оди

loading...

Нервозна атмосфера и дебата на последната владина седница во која биле вклучени министри, но и самиот премиер Зоран Заев. Според извори на ТВ21, се започнало кога министерот за финансии Драган Тевдовски јавно изнел забелешки на адреса на неговиот колега Кочо Анѓушев. Забелешките се однесувале првенствено за процедурите за изградбата на автопатиштата, кои се уште се во тек. Нашите извори велат дека во целата ситуација се вмешал и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, но и премиерот Зоран Заев, кој ги искритикувал министрите дека не работат како што треба.

 ТВ21 стапи во контакт со премиерот, кој негира дека имало недоразбирања, но во размената на смс пораките сепак открива дека пред пет дена на Економскиот совет дал конкретни насоки за капиталните инвестиции, пред се железницата и гасификацијата. Заев вели дека прашањето за автопатиштата е затворено. На истата седница забелешки имало и за односот на Хазби Лика.

  “Не може да не доаѓа на седници и затоа ќе мораме во брзо време да донесеме одлука” – Зоран Заев, премиер на РМ.

 Нашите извори велат дека поради целата ситуација не треба да се исклучи можноста наскоро да има реконструкција на владата. Доколку се случи тоа местото на Хазби Лика би дошол Атила Реџепи, шеф на штабот на ДУИ за референдумот. Нашите информации велат дека реконструкцијата би можела да го опфати министерот за финансии Драган Тевдовски, евентуално и минисерот за транспорт и врски Горан Сугарески, но и вицепремиерот Кочо Анѓушев.  Сепак, од Владата велат дека во моментов воопшто не размислуваат за кадровски смени во владиниот кабинет.

Нашите извори велат дека можат да бидат сменети и министерот за локална самоуправа, Сухејљ Фазлиу, како и министерот без ресор, Аднан Ќахил. Што се однесува до министрите на ДУИ, сигурни на своите позиции засега се вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за економија Крешник Бектеши, но и Садула Дураку, прв човек на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Репортер: Бесир Арифи

loading...