Search
вторник 18 декември 2018
  • :
  • :

„Натали дај му на човекот“ се враќа повторно на екраните

loading...

Натали Грубовиќ одамна живее во Србија, познатата Македонка редовно е во Скопје кај своето семејство, а сега откако наследничката дојде на свет, посетите на моминскиот дом станаа почести.

Па така, убавата Натали деновиве беше на гости во Скопје, а таа прилика ја искористија екипата од ТВ магазинот „Бекстејџ“, чија поинуда Натали ја прифати да се појави пред нивната камера.

Како најава дека повторно ќе ја има на телевизија, Натали објави на својот Инстаграм профил држејќи го микрофонот со познатото лого на телевизискиот бренд. Облечена во црна комбинација со минимална шминка и фризура, Натали од своите следбеници доби ласкави комплименти за изгледот.

loading...