Search
среда 21 ноември 2018
  • :
  • :

Најпознатиот американски макро постхумно победил на изборите за Конгресот: Денис Хоф и починат ја победил ривалката на демократите и освоил 68 проценти од гласовите

loading...

Фотографија на Sinalco Mk.

Најпознатиот американски макро, Денис Хоф, кој одненадеж починал пред три седмици славејќи го својот 72. роденден во еден од своите легални бордели во Кристал, Невада, останал на републиканската листа на вчера одржаните избори за Конгресот и победил.

Хоф своевремено се кандидирал за конгресмен од Невада, а иако починал пред 3 седмици, неговото име некако останало на листата.

И починат успеал да освои 68 проценти од гласовите и да ја победи Лесиа Романов, која се кандидирала од Демократската партија.

Републиканците велат дека едноставно ќе го заменат со друг човек и така ќе го решат тоа место.

Потсетуваме, Хоф бил загрижен републиканец и себеси се нарекувал “Трамп од Пахрумпа”. Кампањата за Конгресот ја водел многу сериозно, што покажува и резултатот, но нема да ужива во политичката кариера бидејќи во меѓувреме починал.

Хоф, сопственик на повеќе легални бордели, славел роденден и се забавувал со една од своите проститутки, Даша. Таа тврди дека го оставила жив, а утрото мртов го пронашол неговиот пријател, порно актерот Рон Џереми.

Daily Mail US

@DailyMail

Dead Republican pimp Dennis Hof WINS election to Nevada State Assembly https://dailym.ai/2QlDu3K 

Dead Bunny Ranch pimp Dennis Hof WINS Nevada Assembly district

Hof, 72, died unexpectedly on October 16 hours after celebrating his birthday at Love Ranch, one of his legal brothels in Crystal, Nevada.

dailymail.co.uk

loading...