Search
среда 21 ноември 2018
  • :
  • :

Милошоски: г-н Анѓушев, ќе бидете ли љубезен да објасните кога ќе почнете со проектот поврат на 15% ДДВ, што заедно со Заев го ветивте пред изборите?

loading...

Кочо Анѓушев, вицепремиерот за економски прашања, гостуваше на #СамоВистина, ја искористив приликата и поставив online прашање кое гласеше: г-н Анѓушев, наместо да ги оптоварувате граѓаните со нови давачки, ќе бидете ли љубезен да објасните кога ќе почнете со проектот поврат на 15% ДДВ, што заедно со Заев го ветивте пред изборите? Еве што одговори г-н Анѓушев после скоро 2 години на власт, одговор кој личи или на оградување од овој проект или на префрлање на целата одговорност на министерот за финансии за (не)остварување на владиното предизборно ветување: “Пред било која реформа да ја направите потребна е опширна анализа, таа анализа се прави во М. Финансии. На Економскиот Совет сме ја разгледувале и мислам дека министерството за финансии ќе излезе со таква анализа и ќе го каже ставот по тоа прашање. Не би можел конкретно да ви одговорам за таа реформа, сепак е во ингеренции на министерството за финансии, но да ги видиме анализите, да ги видиме математиките, тоа се однесува на граѓаните кои трошеле и плаќале ДДВ сметки, нешто да им се врати, на некој начин и да се зголеми фискалната дисциплина. Не би можел да кажам кога ќе биде тоа, но еве пак да потенцирам тоа е сепак во ингеренции на министерството за финансии, тие имаат тим кој работи на тоа прашање”

loading...