Search
вторник 18 декември 2018
  • :
  • :

Кои се Владимир Атанасовски и Синиша Алексовски?

loading...

Кои се Владимир Атанасовски и Синиша Алексовски?

Владимир Атанасовски и Синиша Алексовски и двајцата посочени од обвинети за собраниските инциденти, едниот како организатор, другиот како информатор. Поранешниот директор на УБК Атанасковски доби притвор и е зад решетки, Алексовски актуелниот советник за безбедност на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, е на слобода. Но, кои се Владимир Атанасовски и Синиша Алексовски?

Атанасковски, директорската функцијата во Управата за безбедност и контраразузнавање ја наследи од Љупчо Андоновски во септември 2016 година. Андоновски, бил разрешен од претходната владејачка гарнитура, бидејќи не бил послушен. За шеф на тајната полиција Атанасовски беше предложен од тогашната власт. За него, нема многу информации, завршил на Економскиот Факултет во 2008 година, по дипломирањето на 26 години го добива првото работно место во тогашната Управа за спречување перење пари, бил и советник за меѓународна соработка. Цели 10 години се занимавал со гонење на финансискиот криминал. Четири години беше прв човек Управата за финансиското разузнавање, каде директоруваше шест години. Тогашната власт потенцираше дека Атанасовски покажувал квалитетни резултати со финансиското разузнавање, сметајќи дека ќе покаже професионалност како директор на УБК.

Атанасовски првпат пред камерите излезе како шеф на тајната полиција. Но, ќе остане запаметен со изјавата и кога не го пушташе тимот на специјалното обвинителство за да ги земе броевите од Управата. Иако шефицата на СЈО Катица Јанева пред портите на УБК затропа со судски налог.

„Дебатираме, дискутираме, но тапкаме во место. Ние нема да си одиме, додека не  постапиме целосно по судските наредби. Ние имаме целосна покриеност со дежурства на истражители обвинители“, изјави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на 19 октомври во 2016 година.

„Ние денеска добивме наредба од основниот суд Скопје по повод наше барање за да ни бидат доставени сите податоци за броевите кои биле маркирани“, изјави на 19 октомври во 2016 година обвинителката на СЈО Ленче Ристоска.

„Во таа наредба претставникот од операторот не може да гарантира, не може да ги оддели фактички активните од досегашните завршени ПИ мерки“, изјави на 19 октомври тогашниот директор на УБК Владимир Атанасовски.

За два дена подоцна Јанева да влезе Управата, но од тогашниот технички министер за внатрешни работи Оливер Сапсовски.

Две години подоцна очите на јавноста повторно вперени кон Владимир Атанасовски. На судскиот процес 27 април посочен како еден од организаторите за „крвавиот четврток“, прв оперативец му бил Александар Василевски Нинџа, обвинет за собраниските инциденти.

За Синиша Алексовски иако во судница беше кажано како информирал дека Иванов ќе предложи воена состојба и дека воена полиција чека на готовс да го апси раководството на СДСМ, не е повикан на распит од обвинителството, бидејќи обвинетите директно не го посочиле. Од Кабинетот на претседателот експресно демантираа негова вмешаност.

А, како дошол Алексовски да го советува за безбедност претседателот на државата Иванов. За него, речиси и воопшто нема информации. Работел во МВР, од локален инспектор, до началник на „Алфите“. Полициски извори брифираат дека имал нарушени односи со екс директорот на УБК Сашо Мијалков. По што, станал дел од тимот кои ја воделе претседателската кампања на Иванов и влегува во кабинетот на шефот на државата. Алексовски  беше споменуваст и со присуството на српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ на 27 април во собранието, но Алексовски експресно демантираше дека тој му дал одобрение за престој во македонскиот парламент.

Утре на судскиот процес 27 април своја одбрана ќе дава обвинетиот Александар Василевски – Нинџа, со предложени тројца сведоци, меѓу кои неговиот брат Благоја Василевски и Дејан Димковски викан Боксер, кој според сведоштвата на обвинетите имал удел за собраниските инциденти.

Игор Стефановски

loading...