Search
среда 17 октомври 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Kирацовски: Македонија заслужува и Македонија ќе биде дел од најмоќните светски сојузи – ЕУ и НАТО

Aleksandar Kiracovski

ПочитуванФотографија на Aleksandar Kiracovski.и граѓани, во свое име и во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, ви го честитам 11 Октомври – Денот на народното востание.

На 11 октомври 1941 година нашите предци ја започнаа битката за слобода, а подоцна преку АСНОМ ги поставија и темелите на македонската државност.

Низ антифашистичката борба, Македонија и нејзините граѓани од различна верска и етничка припадност дадоа свој придонес во победата над фашизмот.

Со својата храброст и одлучност, борците во антифашистичката борба ни го покажаа патот кон слобода, еднаквост и напредок.

Заложбата на нашите предци за слобода и независност, денес е заложба на сегашните генерации за интеграција во ЕУ и НАТО, за рамноправност со демократскиот и развиен свет, онаму каде што вистински и вредносно припаѓаме.

Денес, горди на нашето минато, со одлучност тргнуваме кон иднината, да ги реализираме децениските заложби за слободна демократска и развиена држава – партнер на регионот и светот.

Македонија заслужува и Македонија ќе биде дел од најмоќните светски сојузи – ЕУ и НАТО.

Нека ни е честит и нека ни е за многу години 11 Октомври – Денот на востанието на Македонија!

loading...