Search
среда 21 ноември 2018
  • :
  • :

ИМА ЛИ НЕДОПИРЛИВИ ВО СКОПЈЕ?! ИМА ИМА…

loading...

 ПОД ИТНО ДА ГИ ПРОВЕРАТ ОВИЕ ИНФОРМАЦИИ: ИМА ЛИ НЕДОПИРЛИВИ ВО СКОПЈЕ?!

“Правната” држава на Заев и недопирливите батки на власт! Ми ставаат Градски Паркинг блокатор на колата после што платив сабајлето казна со која добиваш цел ден бесплатен паркинг. После пак ти ставаат блокатор пошто си паркиран на 20 метри подалеку, т.е. на друга зона од истото претпријатие.

Додека се објаснуваш со работниците на јавното претпријатие, доаѓа пајак да ти ја крене колата од уредно пропишано паркинг место, поради тоа што поминало еден сат од кога те блокирале. На пет метри од сцената стои НА УЛИЦА паркирано возило пред кафиќ во кој Заев пиеше кафе пред четири дена.

Му се обраќам на полицаецот со прашање зашто дошле да ја креваат мојата кола која е паркирана прописно а не онаа која пречи на сообраќајот во Дебар Мало и која им е на пет метри. Полицаецот ми вика да не се мешам во нивната работа. На мое развикување и инсистирање, полицаецот вика “не смееме да ја кренеме, ете толку.”

По телефон разбирам дека кафиќот е на некој лик советник во Град Скопје. Сваќам каде живеам, псујам по мојата судбина што сум роден во ова олош место и плаќам втора казна. Си заминува пајак возилото, поминува покрај колана на сред улица, а јас само можам да сликам. Во позадина се гледа пајакот на заминување и мирот на недопирливата кола.

Нема #живот во оваа држава.

loading...