Search
среда 21 ноември 2018
  • :
  • :

Функционер на СДСМ вмешан во „незаконски“ превоз на ученици во Берово

loading...

Фирмата Тритерол ДООЕЛ Струмица – подружница Берово на првиот училишен ден ги превезувала учениците од основното училиште Дедо Иљо Малешевски во Берово, пренесува Радио Слободна Европа.  Тоа фирмата го правела без склучен договор со училиштето и додека траел тендерот. Во фирмата вработен е претседавачот на Советот на Oпштина Берово од редовите на СДСМ.

Фирма Тритерол ДООЕЛ Струмица – подружница Берово се обидела незаконски да го преземе превозот со ученици во Берово. Тоа, според сознанијата до кои дојде Радио Слободна Европа, било организирано од страна на претседавачот со Советот на општината од редовите на СДСМ, кој е и вработен во фирмата.

Автобусите испишани со името на фирмата на првиот училишен ден на 3 септември на вообичаеното место ги чекале учениците од основното училиште Дедо Иљо Малешевски во Берово. Но, фирмата ги однела до нивната крајна дестинација без склучен договор и без дозвола од градоначалникот и додека траеле преговорите за тендерот за превоз на ученици.

Читајте повеќе на следниот линк.

loading...