Search
среда 21 ноември 2018
  • :
  • :

Двајца осуденици го претепале напаѓачот на Села во затворот Шутка

loading...

Пред два дена во затворот „Шутка“ во Скопје се случи тежок инцидент, каде што двајца осудени лица, Албанци, брутално го претепаа, Коста Делов, еден од главните осомничени за нападот на Зиадин Села за настаните од 27 април во Собранието, пренесува албанскиот портал „PaCensurë“.

Според порталот, инцидентот се случил кога Коста Делов и другите затвореници го искористиле слободното време за прошетка. Според неофицијалните информации кои што пристигнале до порталот на албански јазик “без цензура“-(Pa Censurë), до нападот дошло, бидејќи двајцата Албанци се почуствувале испровоцирани од Делов, и го претепале до бесознание, така што дури ни затворските чувари не можеле да му помогнат.

Во моментов, според порталот, Делов, е во стабилна состојба, а од двајцата осуденици била побарана одговорност.

loading...