Search
вторник 18 декември 2018
  • :
  • :

Добрила Ивановска Чабриќ проговори за смртта на синот: „Не успеав да го убедам дека животот е убав“

loading...

Се сеќавате ли 90 – годишната Добрила Ивановска Чабриќ  од Дојран која се појави во „Никогаш не е доцна“ и го освои регионот со својата харизма, позитивност и желба за живот.

Добрила Ивановска Чабриќ проговори за смртта на синот: „Не успеав да го убедам дека животот е убав“

Никој не би рекол дека зад тоа насмеано лице стои лош период, а Добрила својата енергија им ја пренесува на сите.

„Јас се дружам со млади бидејќи се чувствувам помладо“ изјаво Чабриќ во една прилика.

Меѓутоа, деновиве таа се соочи со тешка загуба, односно почина нејзиниот син единец.

Во интервју за „Grand online“ таа откри како го преживува овој тежок период.

„Јас сум силна личност. Сите тешки моменти во животот ги доживувам многу стабилно., без паника бидејќи знам дека животот е суров. Болката е силна кога ќе изгубите роденото, не успеав да го убедам мојот син дека животот е убав и да му бидам пример. Тој се откажа од себе и од животот, не сакаше да се лечи и отиде прерано. Јас немам право да тргнам за него бидејќи тој пат мене ме чека и чека. За некој месец ќе наполнам 91 година, секогаш ја гледав убавината на животот, живеењето, дружењето, љубовта кон луѓето. Најсреќна сум што имам потомци од мојот син. Јас сум среќна што мојата крв постои и оди понатаму. Јас сакам и имам сила да живеам, сакам да им бидам пример на сите“ вели Добрила.

Таа истакна дека најдобра поддршка во тешките моменти и биле музиката, родниот крај, добрите пријатели.

loading...