Search
вторник 18 декември 2018
  • :
  • :

Братот на Нинџа кој беше телохранител на Груевски: Од Виена имав семеен разговор со Александар

loading...

Братот на Александар Василевски Нинџа, Благоја, попладнево влезе во судница во Кривичниот суд во Скопје за да сведочи за настаните од крвавиот четврток.
Благоја Василевски е телохранителот на поранешниот премиер Никола Груевски кој на 27 април беше со него во Виена.

Во обвинениотo за 27 април пишува дека дента пред настаните во Собранието имало повик од службен телефон од редовите на обезбедувањето на Груевски.
– На 27 април 2017 бев на службен пат во Виена. Се слушнав со Александар. Разговорот беше семеен, разговаравме за здравјето на нашата мајка, кратко беше – рече Благоја Василевски.

Тој, одговарајќи на прашањата, потврди дека кога е на пат, Нинџа бил внимателен и му пишувал прво СМС порака пред да стапи во контакт, како што било на 27 април.

loading...