Search
вторник 18 декември 2018
  • :
  • :

Атанасовски доби 30 дена притвор, обвинителката Рускоска вели дека истрагата се проширува ќе апсела пола МВР?

loading...

Синоќа судот го прифати барањето на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за 30-дневен притвор на Владимир Атанасовски, поранешен шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и Управата за финансиско разузнување (УФР). Обвинителството ова го побара откако според сведочењата на некои од обвинетоте во случајот „27 април” Атанасовски бил инволвиран во настаните во Собранието на 27 април минатата година.

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција синоќа донесе наредба за спроведување на истражна постапка за едно лице за сторено кривично дело здружување заради непријателска дејност.

Судија на претходна постапка го прифати предлогот за определување на мерка притвор од 30 дена.

Вчера беше уапсен Атанасовски, еден ден по сведочењата на обвинетите во судскиот процес за 27 април, Стефан и Михаил Младеновски и Захарие Симовски, кои го посочија како организатор на упадот во Собранието и нарачател на насилства и кривични дела врз членови и симпатизери на тогашната опозиција.

„Побарав мерка притвор по 3 основи, опасност од бегство, влијание врз сведоци за што е способен со оглед на функцијата што ја извршувал и опасност од повторување на кривичното дело“, изјави шефот на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска и додаде дека истрагата ќе се проширува.

Обвинетите од случајот „27 април“ на завчерашното сведочење на рочиштето изјавија дека Атанасовски бил директен организатор и планот го спроведувал заедно со обвинетиот Александар Василевски – Нинџа која ја имал комплентната логистичка поддршка од структури во УБК и од заменик началникот на Петата управа, Никола Бошковски, кој во моментов е во бегство во Грција каде побара азил. На располагање имале блиндирани полициски возила, радио станици, па дури и оружје, а им била ветувана заштита од службеници во тајната полиција со кои заедно дејствувале во и околу Собранието.

Владимир Атанасовски беше поставен за директор на УБК во септември 2016 година по оставка на тогашниот директор Сашо Мијалков и ја извршуваше таа функција до јуни 2017 година. Тој во моментов е советник за безбедност на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

loading...