Search
четврток 13 декември 2018
  • :
  • :
Најнови Вести

Андов: Нерасчистените афери кај власта можат да се одразат и на референдумот, а не само на рејтингот на СДСМ

loading...

Поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов, ги објаснува можните причини што доведоа до изедначување на рејтинзите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Според него евроатланската ориентација на граѓаните не е во криза, но тој порачува дека треба да се расчистат аферите кои се поврзуваат со функционери од власта бидејќи, вели, можат да влијаат не само на рејтингот на партијата, туку и на исходот од референдумот.

„Од СДСМ треба да преиспитаат на кој ‘фронт’ или на кои прашања губат доверба. Затоа што народот си суди. Треба да видат дали се во прашање одредени случаи, афери, и начинот на кој граѓаните ги примаат. Дали граѓаните бараат поголема енергичност во расчистување на тие случаи? Сите овие прашања бараат анализа: да се види дали постојат некои внатрешни блокади, и дали одговорните за одредени случаи ги сносат последиците. Без таков одговор, граѓаните би можеле да создадат прецепција дека и СДСМ не е решение за излез од сегашната ситуација“, вели Андов за „Дојче веле“.

Според него, таа анализа мора да се направи што поскоро и да се поправат состојбите, бидејќи во спротивно може да се одрази и на референдумот, односно да се расипат сегашните позитивни трендови кои ветуваат мнозинска поддршка за интегративниот пат.

loading...