Search
среда 21 ноември 2018
  • :
  • :

„Ако татко ти беше паметен ќе беше голема ѕвезда“- Карлеуша „распали“ по Ибро Лабунски

loading...

Добро познатиот Адам Лабунски неколку сезони по ред се натпреваруваше во музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“.

Иако, жирито во ова шоу на „Пинк“ телевизија беше воодушевено од неговиот настап и пред се неговата појава, Адам не успеа да стигне до финале, ниту пак да направи некој успех. Очигледно, овојпат одлучил да ја смени и продукцијата и телевизијата и музичкото шоу. Односно од „Пинкови ѕвезди“, премина во „Ѕвездите на Гранд“.

Во последната емисија на ова музичко шоу каде што се натпреваруваат и многу македонски кандидати, се појави и Адам. Тој се претстави со песните „Понос“ од Иван Куртиќ и „Сам сам“ од Џани, а по неговата интерпретација доби 4 гласа, а поддршка му дадоа Ана Бекута, Марија Шерифовиќ, Јелена Карелуша и Вики Миљковиќ.

Од бекстејџ Лабунски го бодреше неговиот татко Ибро Лабунски  кој истакна дека Адам може да биде голема ѕвезда, но дека не го слуша и не сака да работи на пеењето. Во дискусијата се вмеша и Јелена Карлеуша која истакна дека во шоуто не треба да се гледа за таткото, туку за Адам.

„Ако татко ти беше паметен ќе беше голема ѕвезда. Не го слушај татко ти, биди свој и ќе успееш во оваа работа“, изјави Карлеуша. Татко му на Адам истакна дека е голема ѕвезда во Македонија, а доколку живее во Србија ќе и покажа на Карлеуша како се пее. Адам за ментор ја одбра Марија Шерифовиќ која истакна дека ќе му покаже колку не знае за пеење и колку може да биде подобар.

loading...