Search
вторник 18 декември 2018
  • :
  • :

60 годишен заменик градоначалник на Бор поднесе оставка поради скандалозни фотографии со малолетничка

loading...

Бранко Периќ (60), заменик на градоначалникот на српскиот град Бор,  се најде сред невиден скандал, откако една тинејџерка на возраст од 15 години на социјалните мрежи објави селфи кое ги вознемири и згрози сите што го виделе.

Имено, шеесетгодишниот Периќ, се бакнува со малолетничката и ја држи во недозволена поза.

Веднаш е побарано тој да поднесе оставка, по што и фотографиите се експресно симнати од социјалните мрежи, но секако тие веќе се меморирани и се распространети.

Периќ се правдал дека нема ништо спорно во фотографиите и дека само сакал да и се заблагодари на девојката, која одлично ја завршила работата со украсувањето на просториите.

Девојката исто така тврдела дека немала ништо со него.

Српските медиуми пренесуваат дека според српските закони ова не подлежи на истрага и не е кривично дело, затоа што девојката има над 14 години и делото не е сторено против нејзина волја.

loading...